Недвижниот имот во Скопје станува интересен и за странски инвестициски фондови.
Цената на становите во главниот град од 2022 година постојано расте, а според гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, дански инвестициски фонд, купил околу 40 стана во објекти во изградба, во централното градско подрачје на Скопје.
Информацијата ја сподели во интервју за емисијата „Вин-Вин“ на Телма.
Нема информација дали фондот купува станови за „оплодување“ на капитал или за нешто друго.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Скопје станови се продаваат и за 3.000 евра за квадрат
Најмногу станови во Скопје се продаваат во Аеродром, квадрат најскап во Центар
Цената на становите пораснала за 25%














