(Видео) Од МВР покажаа дел од запленета марихуана

Запленетата марихуана од неколку фирми од бизнисот со медицински канабис е топ тема во Македонија.

Како што е познато станува збор за над 40 тони марихуана која е запленета од фирми во Скопје и струмичко, а акцијата следеше по заплената на пет тони марихуана во Србија, во која беше уапсен и еден од сопствениците на фирма за медицински канабис од Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е фирмата Алфафарм регистрирана во Македонија, чиј косопственик е уапсен во Србија

Истрагата во Македонија се уште е во тек, а денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР) покажаа дел од запленетата марихуана.

Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски станува збор за марихуана произведувана надвор од утврдените протоколи кои треба да ги почитуваат фирмите од бизнисот со медицински канабис.

Премиерот Христијан Мицкоски пак најави дека денеска на седницата на Влада ќе се донесе одлука со која ќе се формира тим кој ќе влезе во повеќе правни лица од овој бизнис, кој ќе го испита нивното работење и дали тие работат согласно законот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се условите за да фирма добие лиценца за производство на медициниска марихуана

Ексклузивно: Кои се фирми имаат лиценца за производство на медициниски канабис

Главниот осомничен за запленетата марихуана во Србија е косопственик на друга фирма за медицински канабис во Македонија, објави Призма

Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести