Синоќа во 22:05 часот во Македонија беше регистриран земјотрес од 4.6 степени според Рихтеровата скала.
Истиот беше почуствуван во Скопје, Тетово, Гостивар и други места низ државата, како и во Косово, Албанија и Србија.
Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во Тетово, Гостивар и нивната околина земјотресот бил со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје и околината со интензитет од IV до V степени, а во останатите делови од државата земјотресот бил со интензитет од III до IV степени.
Епицентарот беше на територијата на Косово, околу 45 километри северозападно од Скопје.
За земјотресот реагираше и редовниот професор на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски, кој на Фејсбук појасни дека нема простор за загриженост, појаснувајќи дека станува збор за природен и долготраен геолошки процес.
.„Ништо страшно, немирната Шар Планина, уште се извишува, макар можеби само за десетина милиметри (одеднаш, што и не е малку). Нека си тера таа како што тера со милиони години, малку по малку, а ние може да си одмориме“, напиша Милевски.
Фото: Милевски/Фејсбук














