Во Белград, Србија, вчера е уапсен 18-годишниот Саит Саитов, кој минатиот месец ја прегази и усмрти Љуба Јаковлеска (79) во скопски Капиштец, по што со татко му избега од Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
-На 11.02.2026 од страна на надлежните служби во Србија известени сме дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026 година, велат од МВР.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинение за мажот и жената кои помогнаа Саит Саитов и татко му да побегнат од државата
Саитов Саит е момчето кое усмрти жена во Капиштец и избега од државата, МВР објави потерница
Фото: МВР














