Следниот месец на 16. март е годишнината од трагедијата која се случи во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 63, а беа повредени над 200 лица.
За трагедијата во тек е судски процес, а следниот месец ќе започнат уште две судски постапки во кои се обвинети полициски службеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судењето за дел од полицајците обвинети за „Пулс“ започнува во март
еМагазин разговараше со Зорица Ѓоргиева, мајката на 24-годишниот Џоко Ѓоргиев, тапанарот на групата ДНК, кој е еден од загинатите.
-Времето не лечи. Станува потешко. Не бев подготвена да бидам храбра, иако Џоко постојано ми велеше да бидам. Да бидам насмеана и да одам силно низ животот и работата. Така тој ме учеше.
Пред кобната ноќ кога го изгубивме не се сметав за силна личност и многу емотивно реагирав на трагедии. Сега немам избор. Морам да бидам храбра за нашиот друг син Димитар и да ја носам болката. Нема потешка болка, вели таа, посочувајќи дека вербата во Господ и ја дава силата која претходно мислела дека ја нема.
-Сами сега со сопругот Драги и Димитар си даваме сила еден на друг. Секој на свој начин, кој колку може да поднесе.
Сопругот летово беше и на Света Гора. Тоа го смири. Не целосно, но го смири. Димитар не ги искажува лесно емоциите. Го истетовираше брат му со кој беа многу поврзани. Ми вели: “сега е секој ден е со мене“.
Веруваме дека Џоко е се уште со нас. Секој ден. Ни доаѓа и во сон и на јаве. Тоа не утешува на моменти. Во други моменти пак повторно е многу тешко, вели таа.









Од судењето вели дека немаат големи очекувања.
-Не сме биле досега на судењето. Ангажиравме адвокат, за нас е претешко да го доживуваме и тоа. Оставаме на Господ. Правда на земјата не се бара.
За нас е најаважно да го задржиме споменот за него. Да биде секогаш покрај нас. Еден ден сите и физички ќе се сретнеме, вели таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Приватна архива













