25-годишник осомничен дека убил 78-годишна жена во Челопек

Маж на возраст од 25 години е осомничен дека 12. февруари ја убил М.С. (78) од селото Челопек, Општина Старо Нагоричане.

Станува збор за лицето Т.Б. од селото Малотино, Општина Старо Нагоричане, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тој е уапсен вчера во селото Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, и е задржан во полициска станица.

Жената прво физички ја нападнал во нејзиниот дом, а потоа ја задушил со перница, по што таа починала на местото.

Се сомничи и дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на Општина Старо Нагоричане.

По целосно документирање на случајот, за него биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести