Бил пријавен за исчезнат: 75-годишен маж од струшко усмртен од камион

Маж на возраст од 75 години утрово смртно бил прегазен од камион на магистралниот пат Подмоље- Струга.

Станува збор за У.Д. од струшкото село Ливада, а како што информираа од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга, тој починал на лице место откако бил прегазен од товарно возило „ман”, управувано од А.А. (52) од Албанија.

Претходно утрово во полицијата било пријавено дека тој се оддалечил од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево и дека имал здравствени проблеми.  

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести