Кои се новите девет амбасадори

Како и што се најавуваше поранешниот министер за европски прашања Орхан Муртезани, ќе биде нов амбасадор на Македонија во преставништвото на НАТО во Брисел, Белгија.

Како што објави телевизијата Сител, овој предлог вчера поминал на седница на Владата.

Нова амбасадорка во Лондон, Велика Британија, ќе биде Илина Мангова.

Линда Салиеска Иљазоска пак ќе биде нова македонска амбасадорка во Хаг, Холандија.

Крум Ефремов, како што објави телевизијата 24, ќе биде нов амбасадор во Бугарија, а во Романија македонски амбасадор ќе биде Габриел Атанасов.

Од претходно, пак е познато дека Веле Трпевски ќе биде амбасадор во Тирана, Албанија, Андријана Цветковиќ во Токио, Јапонија, Димитар Блажевски во Киев, Украина и Фадиљ Зендели во Копенхаген, Данска.

Владата одлучила да именува и нови кадри во конзулатите во Мелбурн, Австралија и Солун, Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести