Поранешниот британски принц Ендрју Маунтбатен Виндзор, помалиот брат на британскиот крал Чарлс Трети е пуштен од притвор, откако вчера беше уапсен.
Тој се сомничи за злоупотреба на службена должност додека бил трговски претставник на Велика Британија. Британските органи проверуваат дали тој споделувал чувствителни информации со осудениот педофил Џефри Епстин, додека бил на таа функција.
Засега не е обвинет, но останува под истрага.
По апсењето се огласи и Чарлс Трети, кој лани му ја одзеде титулата принц и го натера да се исели од замокот Виндзор, казнувајќи го за негововото пријателство со Епстин.
Чарлс Трети порача дека кралското семејство целосно ќе соработува со властите и дека законот мора да се почитува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради Епстин уапсен поранешниот британски принц Ендрју, брат му Чарлс Трети се огради
Клинтон во џакузи: Сите нови фотографии од досието за педофилот Епстин
(Галерија/Фото) Трамп и Клинтон во друштво на педофилот Епстин: Објавени нови фотографии
Фото: Унсплеш













