Синдикалната потрошувачка кошничка во февруари пораснала за речиси 1.000 денари

Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска соопштија дека минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси 1.000 денари во споредба со јануари.

Кошницата во февруари изнесува 67.382 денари и во однос на таа во јануари е зголемена за 969 денари.

Со изнајмен стан од 60 метри квадрати, нејзината вредност се зголемува на 82.757 денари.

Зголемување од речиси 1.000 денари има и делот на трошоците за храна. Во јануари за таа потреба биле потребни минимум 24.211 денари, а во февруари 25.156 денари.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести