Почина 23-годишен велешанец откако врз него паднал метален профил во фабрика во Петровец

Момче на возраст од 23 години починало вчера откако врз него од висина паднал метален профил додека изведувал работни задачи на објект во изградба на фабрика во индустриската зона во Општина Петровец.

Станува збор за Е.А. од Велес, кој како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, починал на лице место.

Неговото тело е дадено на обдукција, а за несреќата е известен и трудов инспектор.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести