Македонијатурист лани со зголемена добивка

Македонијатурист АД Скопје лани од извршените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности остварил добивка по оданочување од 223.847 милиони денари, која е зголемена за 31% во однос на 2024 година кога изнесувала 171.468 милиони денари, информираа од таму преку Македонската берза.

-Оперативната добивка односно добивката од основната дејност на Друштвото изнесува 135.369 милиони денари и е зголемена во однос на минатата 2024 година кога изнесувала 96.364 милиони денари.

Вкупните приходи изнесуваат 643,6 милиони денари и се зголемени за 25,16% во однос на истиот период минатата 2024 година кога изнесувале 514.24 милиони денари.

Оперативните приходи на Друштвото се зголемени за 28% и изнесуваат 536.865 илјади денари. Во 2024 година изнесувале 419.749 илјади денари.

Зголемувањето на приходите од продажба е резултат на зголемениот број на ноќевања, зголемен приход од основна дејност за 9%, како и на зголемени други оперативни приходи во текот на 2025 година.

Финансиските приходи изнесуваат 106.735 илјади денари и се зголемени за 13% во однос на минатата 2024 година кога изнесувале 94.490 илјади денари.

Зголемувањето се должи пред се на зголемениот износ на исплатени дивиденди од вложените средства во хартии од вредност во домашни и странски акционерски друштва.

Вкупните трошоци и расходи од работењето за дванаесетте месеци од 2025 година изнесуваат 405.18 милиони денари и се зголемени за 23% во однос на 2024 година кога изнесувале 328,49 милиони денари.

Оперативните расходи изнесуваат 401.496 илјади денари и се зголемени за 24% во однос на минатата 2024 година кога изнесувале 323.386 илјади денари.

Финансиските расходи изнесуваат 3.683 илјади денари и се намалени за 28% во однос на минатата 2024 година кога изнесувале 5.100 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

М.Г. Фешн излегува од Македонијатурист

Чезакомерц купи нови 988 акции на Македонијатурист

МГФ Инвестмент купи 7.000 акции на Македонијатурист

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести