(Видео) Хаос и насилство во Мексико откако е убиен нарко-босот Ел Менчо

Мексиканската војска го уби најбараниот нарко-бос во земјата, Немесио Рубен Осегуеро Сервантес (60), познат како Ел Менчо, по што во земјата настана тотален хаос предизвикан од неговите приврзаници од картелот „Нова генерација Халиско“ (CJNG).

Тој беше ранет во текот на вчерашната операцијата на војската во градот Тапалпа во државата Халиско. Почина за време на транспортот до Мексико Сити.

Исто така во операцијата беа убиени и неколку членови на картелот, по што следеше одмаздата на CJNG.

Низ различни делови на земјата се запалени возила, блокирани се патишта, пријавени се бројни вооружени напади, јавниот сообраќај е прекинат…, а на граѓаните им е советувано да останат дома.

Откажани се и бројни летови, а во туристичките места се заглавени туристи од целиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Напуштете го Мексико и не планирајте патување таму, апелира македонското МНР

Фото: Унсплеш/видео: Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести