Груби во ќелија со Македонец, се чувствувал небезбедно од етнички Албанци, кои биле во Шутка

Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој по неговото апсење е сместен во притворското одделение во истражниот затвор Скопје, познат како Шутка, бил ставен во ќелија само со едно лице, Македонец, поради безбедносни причини, објави порталот Сакам да кажам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби спроведен во Шутка, од претходно за него има 30 дена притвор

Тој како што велат од затворот за СДК се чувствувал небезбедно од етнички Албанци, за кои имал сознанија дека биле во затворот.

До неговата затворска просторија има посебно, 24-часовно обезбедување.

Директорот на затворот Бобан Утковски за весникот Вечер вели дека ќе му биде дозволено да пости и бил во добра здравствена состојба.

Според директорот на затворот, Груби бил кооперативен.

Груби беше во бегство од декември 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ смета дека Груби сам решил да се врати и очекува правдата да биде еднаква за сите

Објавено и видео од апсењето на Груби

На “Блаце“ уапсен Артан Груби

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести