Поради врските со осудениот педофил Џефри Епстин, вчера беше уапсен, па пуштен со кауција и поранешниот амбасадор на Велика Британија во САД, Питер Менделсон.
И за него како и за поранешниот принц Ендрју, брат на британскиот крал Чарлс Трети, се истражува дали со Епстин споделувал чувствителни информации додека бил министер за економија во периодот од 2008 до 2010 година во владата на тогашниот премиер Гордон Браун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради Епстин уапсен поранешниот британски принц Ендрју, брат му Чарлс Трети се огради
Засега нема обвинение за него, а британските органи извршија претрес на две адреси на кои живее.
Оваа следи откако американското Министерство за правда неодамна објави нови документи за Епстин.
Според документите, Менделсон наводно му ја пренел на Епстин и одлуката за пакетот за спас од 500 милијарди евра во кризата на еврозоната – еден ден пред тоа да биде официјалното соопштено.
Менделсон поради врските со Епстин мораше да ја напушти функцијата амбасадор на Велика Британија во САД, а како што објавија британските медиуми за неговите врски со педофилот знаел и актуелниот британски премиер Кир Стармер.
Поради тоа изминатиов период повеќе соработници на Стармер од Лабуристичката партија поднесоа оставки, а меѓу нив беше и неговиот советник Морган МекСвини.
Менделсон пак остана без место во Домот на лордовите, а Стармер бара и одземање на неговата титула лорд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Останува под истрага: Братот на кралот Чарлс, Ендрју, пуштен од притвор
(Галерија/Фото) Трамп и Клинтон во друштво на педофилот Епстин: Објавени нови фотографии
Фото: американско Министерство за правда













