Шест компании останаа без лиценца за производство на канабис за медицински цели

Шест компании за производство на канабис за медицински цели останаа без лиценца, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Од 13 исконтролирани компании, без лиценца останале „Алфафарм“ „Гринлајф“ „Лајфплант“, „Атафарм“, „Медплант“ и „Канабидоис“.

Контролата кај нив покажала дека несоодветно го складирале сувиот цвет на канабисот кој бил отворен, без запечатување и нескладиран во картонски кутии, не доставувале известувања до Комисијата во Министерството за здравство дека ќе произведуваат, берат и ќе вршат купо-продажба на сув цвет и не доставувале договори за трансфер и продажба на сувиот цвет.

Пронајдените количини не соодветствувале од она што било евидентирано кај нив во документите. Во дел од фирмите недостасувале и документи, немало обезбедување и камерите не работеле.

Алиу истакна дека недостасува системска контрола, за која, ќе се подготви нов закон, бидејќи како што рече секторот за одгледување канабис за медицински цели мора да функционира законски без сиви зони и без привилегирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ексклузивно: Кои се фирми имаат лиценца за производство на медициниски канабис

Кои се условите за да фирма добие лиценца за производство на медициниска марихуана

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести