Истрагата за Т. Б. (25) од селото Малотино, Општина Старо Нагоричане, кој е осомничен за убиството на М. С. (78) од селото Челопек од истата општина, која треба да потврди дали тој е сериски убиец, е топ тема во јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се истражува смртта на пет починати жени кои биле пронајдени мртви во нивните домови, три од годинава и две од лани.
За сите жени освен за една, заедничко било што се жени во години, починале сами дома, но и сите биле пронајдени полуголи или голи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се истражува смртта на пет жени во врска со осомничениот сериски убиец во тетовско
Само една жена која е пронајдена мртва во својот дом пред околу еден месец и закопана, била помлада на околу 35 години, објави неодамна КОД.
Директорот на Судска медицина проф. Д-р Александар Станков за државната агенција МИА информираше дека е завршена обдукцијата и на втората жена за која Основното јавно обвинителство минатата недела нареди ексхумација и обдукција, по убиството на М. С. .
-Станува збор за насилна смрт и кај втората помлада жена за која Обвинителството побара ексхумација, вели тој.
Тој вели дека примероци за ДНК анализа се земени и од претходната жртва, повозрасната жена од селото Челопек. И кај двете жени станува збор за насилна смрт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Телма објави снимка од осомничениот сериски убиец во кумановско
Фото: Унсплеш














