Почина хирургот Владо Јаневски, сопруг на министерката Весна Јаневска

На 71-годишна возраст по повеќегодишно боледување денеска почина хирургот и професор Владо Јаневски.

Тој остави значаен придонес во областа на хирургијата и медицинската едукација, пренесувајќи знаење и искуство на бројни лекари кои денеска работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје и во приватните здравствени установи.

Тој е сопруг на министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести