Рудници Бањани АД Скопје лани остварил нето добивка по оданочување од 918.000 денари искажана во неревидираниот Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза.
-Во 2025 година Друштвото оствари вкупни оперативни приходи: 58.561.000 денари, од кои приходи од продажба изнесува 58.178.000 денари.
Во споредба со 2024 година, намалени се приходите од продажба на домашен пазар како резултат на намалена работа на компаниите кои соработуваа со Град Скопје. Има зголемување на приходите на странски пазар споредено со претходната година. Намалувањето на вкупните приходи е резултат на намален обем на продажба и притисок врз продажните цени во текот на годината.
Вкупните оперативни расходи во 2025 година изнесуваат 66.838.000 денари, и се помали во споредба со минатата година за 2.182.000 денари. За разлика од 2024 година зголемени се трошоците за вработените, како и трошоците на материјални трошоци (како резултат на значително зголемување на надомест на концесија) додека се намалени трошоците за суровини и материјали, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рудници Бањани откупи 173 сопствени акции
Рудници Бањани ќе дели дивиденда од 30 денари по акција














