МНР апелира граѓаните да не патуваат во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на Блискиот Исток, кои имаат директно влијание врз регионалната и меѓународната стабилност.

 „Со оглед на очигледните обиди на Иран да таргетира, покрај Израел, и повеќе арапски држави, вклучително и Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Либан и Ирак, како и британската воена база на територијата на Република Кипар, Министерството повторно апелира до сите државјани на Република Северна Македонија да се воздржат од непотребни патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток.

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели и партнери. Повредата на суверенитетот и таргетирањето цивилни цели се неприфатливи и се во директна спротивност со основните принципи на меѓународното право. Мирот, безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток не се апстрактни категории, туку суштински предуслови за глобалната стабилност.

Приоритет на Владата останува безбедноста и поддршката на македонските државјани кои по различни основи се наоѓаат во овој регион. Во текот на изминатиот период, надлежните дипломатско-конзуларни претставништва се во континуирана комуникација со нив,“ се вели во соопштението.

Од МНР додаваат дека во координација со дипломатско-конзуларните претставништва, се разгледуваат повеќе можни сценарија за репатриација и евакуација, кои ќе бидат активирани кога тоа ќе го дозволат условите на терен и/или по повторно воспоставување на воздушниот сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За македонските граѓани кои сакаат да бидат евакуирани од ОАЕ, постои можност со автобус да бидат транспортирани до Саудиска Арабија

Повеќе од 400 македонски граѓани побарале евакуација: Од ОАЕ и Катар нема услови, од Израел се разгледуваат опции

Бесплатен роаминг за Телеком корисници во земјите од Блискиот Исток

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести