Амбасадата на Македонија во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), со цел да им излезе во пресрет на граѓаните кои се затекнати во ОАЕ, е во постојана комуникација и со властите во Султанатот на Оман, и во таа насока се разгледува можноста за репатриација и евакуација на граѓаните на преку копнената граница на оваа земја, информираат од Амбасадата.
„Исто така, нагласуваме дека oграничен број летови беа во можност да ги напуштат Обединетите Арапски Емирати, преку аеродромот на Абу Даби и Дубаи, кои беа целна мета на нападите од Иран. Со овие летови беа евакуирани само патниците кои биле затекнати во трансфер зоните по овие аеродроми.
Во таа насока, Амбасадата е во континуирана комуникација со властите на Обединетите Арапски Емирати, со цел да организира и да се разгледа можноста за евакуација и со други летови, одма по добивање на дозвола дека воздушниот простор на ОАЕ е безбеден за летање,“ се вели во соопштението.
Сите заинтересирани лица молиме да се пријават во Дипломатското конзуларно преставништво во Абу Даби, велат од таму.
Дежурен мобилен број на Амбасадата +971 56 441 7532 Емаил адреса: [email protected]
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш













