Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) информира дека, согласно најновите податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, (Израел) Доха (Катар) и Абу Даби (Обединетите Арапски Емирати).
Од вкупниот број, 19 лица се пријавиле од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до Дипломатското конзуларно преставништво во Абу Даби.
Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин.
Според информациите добиени од надлежните власти, засега не се препорачува евакуација по копнен пат за македонските државјани кои се наоѓаат во Катар и во Обединети Арапски Емирати. Евакуацијата ќе започне во првата безбедна прилика, а веќе се разгледуваат можностите за нивно безбедно извлекување штом се создадат соодветни услови.
Во однос на граѓаните кои се наоѓаат во Тел Авив, Министерството активно ги анализира можните алтернативи за нивно безбедно извлекување од државата.
МНР апелира македонските државјани редовно да ги следат предупредувањата и насоките на локалните надлежни органи. На 24-часовно располагање остануваат дежурните телефонски линии на кризниот штаб при Министерството, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Големиот бран напади врз Иран допрва доаѓа, најавија Трамп и Рубио













