Денеска од Основното јавно обвинителство Скопје споделија нови детали за трагедијата во скопски Карпош, при која мајка со девојче скокна од висококатница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија го потресе Карпош: Мајка со дете во рака скокнала од зграда
Како што велат од таму, пред скокот тие биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна.
Исто така сопругот е задржан во полициска станица и се испитува негова евентуална кривична одговорност.
Во станот на починатите се врши детален претрес, а исто така и распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија во врска со трагедијата.
Се врши и екстракција на податоци од мобилни телефони и се обезбедуваат снимки од видео надзор и други снимки од неколку локации.
Обвинителството побарало и детално известување од Министерството за внатрешни работи (МВР) и од Центарот за социјални работи за сите евентуални претходни пријави и поплаки од починатата.
Ќе се нареди и внатрешната контрола на МВР да го испита постапувањето по тие пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














