Сопругот на загинатата жена во Карпош имал 10 кривични пријави поврзани со имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на прес-конференција изнесе детали за трагедијата во Карпош, која ја потресе јавноста, кога мајка со дете во рака скокна од зграда.

Пред трагичниот настан имало пријава за расправија меѓу сопружниците, полициските службеници пристигнале во 12:19 часот по што бил извршен разговор со сопругата која изјавила дека станува збор за недоразбирање и дека не сака да се поведе постапка.

Тошковски информираше дека жената потпишала изјава со која се откажува од пријавата. Во службената белешка било наведено дека немало физички контакт, туку недоразбирање со сопругот и дека не бара понатамошна полициска постапка.

Полицијата ќе утврдува дали изјавата на жената била дадена доброволно или под евентуална присила, дали осомничениот бил присутен, како и дали постоело влијание или притисок.

Министерот потенцираше дека Министерството за внатрешни работи (МВР) има видео запис од истиот ден, каде се гледа како сторителот, сопругот, ја удира жртвата.

Сопругот, е задржан во полициска станица под сомнение дека сторил неколку кривични дела – наведување на самоубиство и нанесување на телесни повреди.

Во изминатите две години против сопругот на починатата жена имало 10 кривични пријави поврзани со имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога.

Лани и годинава биле евидентирани повеќе пријави за нарушени односи меѓу сопружниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајката и детето биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна, сопругот задржан во полицијата: Нови детали од Обвинителството за трагедијата во Карпош

“Самоубиство на мајката со ќеркичката не е само трагедија – тоа е крик што предолго останува неслушнат“: Реакции за немилиот настан во Карпош

После години пријавувано семејно насилство, обид за убиство во државна институција ги загубив внуката и сестрата, вели Александар Стојаноски за трагично загинатите во Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести