(Фото) Државниот врв и бизнис-заедницата на Ифтар, во организација на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија го организираше традиционалниот Ифтар во просториите на компанијата членка „Nita Palace“, информираа од таму.

Настанот собра претставници на бизнис-заедницата, највисоки државни претставници, институции, партнери и медиуми, овозможувајќи посебна вечер во која беше истакната важноста на соработката и меѓусебното разбирање, посочуваат од таму.

„Настанот го почестија со своето присуство и претседателот на Собранието, Африм Гаши и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

В.д. претседателот на СКСЗМ, Нухи Алиу, во своето обраќање им се заблагодари на присутните за учеството и ја нагласи важноста од зачувување на вредностите на солидарност, почит и соработка меѓу бизнис-заедницата и институциите.

Тој истакна дека овој традиционален настан претставува мост кој ја зајакнува довербата, дијалогот и партнерството во општеството,“ се вели во соопштението.

Фото: СКСЗМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести