Кој е адвокатот Тони Менкиноски, на кој Бугарија му забрани влез до 2036 година

Адвокатот Тони Менкиноски е во фокусот на јавноста откако Бугарија му забрани влез до 2036 година.

Како што информираше тој на прес-конференција откако на 6. март бил задржан на бугарската граница му бил ставен „црн печат“ во пасошот.

Забраната ја добил, како што објасни, оти бил закана за националната безбедност на Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарите му забраниле влез на адвокатот Менкиноски, бидејќи бил „закана за националната безбедност“

Правен застапник на Македонците во Бугарија

Менкиноски забраната за влез кај источниот сосед ја добил оти правно ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Досега овој суд изрече дури 14 пресуди во нивна полза, ама Бугарија не спроведе ниту една.

Тој најави дека ќе ги искористи сите правни и институционални механизми за да ја оспори оваа одлука и дека случајот ќе биде доставен и до Комесарот за човекови права, Европскиот парламент, ОБСЕ, и Обединетите нации, како и до меѓународните организации кои ја следат состојбата со човековите права и независноста на адвокатската професија.

Основач и сопственик на адвокатско друштво Менкиноски

Менкиноски дипломирал право.

Тој е сопственик и основач на адвокатско друштво Менкиноски кое работи во Скопје.

Истото е основано во 2013 година.

Бил правен застапник во повеќе чувствителни меѓудржавни случаи.

Фото: Фејсбук/Менкиноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести