Пекабеско лани со зголемена добивка

Пекабеско АД Скопје лани остварил вкупна сеопфатна добивка од 248.153 илјади денари, која е поголема од добивката остварена претходната година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Во 2024 година истата беше 174.142 илјади денари.

-Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-декември 2025 година изнесуваат 6.158 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат зголемување од 3%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,8%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2024 година бележат зголемување од 3%.

Приходите од извоз изнесуваат 814 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 се намалени за 2%

Остварените вкупни расходи во периодот јануари-декември 2025 година изнесуваат 5.930 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат зголемување од 3%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се старо-новите членови на ОД на Пекабеско

Весна Кутревска се стекна со нови акции во Пекабеско

Горан Ѓорѓиевски предложен за нов член на Одборот на директори на Пекабеско

Фото: Пекабеско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести