„Цената на правдата“ – нов истражувачки документарен филм на ИРЛ

​​Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) вчера го објави новиот истражувачки документарен филм „Редакција: Цената на правдата“, кој открива сериозни неправилности во работењето на Вишото јавно обвинителство Скопје и начини на кои високо профилирани судски предмети можат да завршат без судска разрешница.

„Истражувањето се темели на Извештај од надзор врз работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, сведоштва од вработени во институцијата и анализа на конкретни судски предмети. Документите покажуваат како преку манипулации со административни процедури и обвинителска дискреција може да се влијае врз текот на судските постапки и да се попречи судската контрола врз одлуките.

Меѓу клучните наоди од истражувањето е дека во институцијата се манипулирало со службената трага за прием на предмети. Надзорот утврдил дека на поштата од Апелацискиот суд немало приемен штембил – единствениот формален доказ дека документ е примeн. Наместо тоа, датумите биле бележани рачно, што отвора простор да се контролира кога предмет формално влегол во системот и да се влијае врз роковите и редоследот на постапување.

Дополнително, надзорот утврдил дека предмети не се заведувале во законскиот рок, туку со денови биле задржувани пред да влезат во системот. Со тоа се создавал простор да се влијае врз распределбата на предметите и да се насочат кон одреден обвинител,“ се вели во соопштението на ИРЛ.

Проектната страница со сите документи и клучните наоди може да ја најдете на irl.mk.

Во продолжение можете да го погледнете целиот истражувачки документарен филм:

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести