На 58-годишна возраст почина македонскиот актер Кирил Поп Христов-Кили.
Тој починал завчера во Еквадор, каде што живееше од 2014 година.
Поп Христов е роден на 30. јули 1967 година во Скопје.
Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во Македонскиот народен театар (МНТ) работеше од 1993 година се до заминувањето во Еквадор.
Ќе го паметиме и по улогите во неколку филмови: „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“, „Тетовирање“…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кили ќе биде погребан во Еквадор
Актерот Кили починал од инфаркт, во сон
Фото: МНТ













