Кили ќе биде погребан во Еквадор

Македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили кој почина на 58-годишна возраст од инфаркт ќе биде погребан во Еквадор, Јужна Америка, каде што живееше од 2014 година.

Информацијата ја соопшти неговото семејство.

„Ќе почива во Мангларалто, покрај океанот“, информираше на социјалните мрежи неговата сопруга Гордана Деан Поп Христова.

Заедно со нивната ќерка Јоана, двајцата последниве 14 години живееа и работеа во Еквадор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Актерот Кили починал од инфаркт, во сон

На 58-годишна возраст почина актерот Кирил Поп Христов-Кили

Фото: МНТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести