Светот да се подготви за нафта која ќе чини 200 долари за барел, најавуваат од Иран

Додека изминативе денови цената на нафтата прави „падни-стани“, од Иран испратија заканувачка порака дека светот треба да се подготви за драстичен раст на цената од 200 долари за барел.

Пораката ја испрати Ебрахим Золфакари, портпаролот на воената команда на Иран, кој посочи дека цената на нафтата зависи од регионалната безбедност на Блискиот Исток, која е нарушена по нападот на земјата од страна на Израел и САД, по што Иран во кризата ги вовлече и останатите земји од регионот, каде гаѓа воени цели поврзани со САД, но и цивилни и економски.

Деновиве цената на нафтата стигна до околу 120 долари за барел, а сега истата се движи од 80 до 100 долари.

Тоа предизвика раст на цената на бензините и дизелот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која храна ќе поскапи поради кризата на Блискиот Исток

Меѓународната агенција за енергија ќе ослободи 400 милиони барели нафта од итните резерви, за амортизација на кризата

И авионските билети ќе поскапат поради кризата на Блискиот Исток

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести