Денеска е потпишан осмиот анекс за изградба за автопатотот од Кичево до Охрид, кој се гради веќе 12 години, а истиот ќе продолжи да се гради уште една година.
Анексот е во вредност од 186 милиони евра, а со него треба да се овозможи санација на 14 свлечишта и да се направи еластична одбојна ограда, контролен центар, како и дополнителните работи за изградба на паралелни патишта, информираа од Јавното претпријатие Државни патишта.
Станува збор за делница од 57 километри, а за неа заклучно со лани се потрошени околу 558 милиони евра.
Досега во сообраќај се пуштени околу 40 километри од автопатот, вклучувајќи ги потезите од Врбјани до Ботун и од Климештани до Охрид.
Целата делница, дел од Коридорот 8, треба да биде пуштена во сообраќај до крајот на мај следната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Како изгледаат новите 17 километри од автопатот Кичево-Охрид
(Фото) По автопатот Кичево-Охрид ќе се патува и низ галерии
(Видео) Коридорот 8 ја заобиколува Стража: Пробиени 17 километри од автопатот Гостивар – Букојчани
Фото: МТ













