Едно лице загина, а неколку лица се повредени во сообраќајна несреќа, што денеска се случила на патот Кочани-Виница.
Според информациите од полицијата, денеска во 13.44 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип било пријавено дека во близина на угостителски објект настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мазда“ и патничко возило „поло“.
Повредените со возила на Итната медицинска помош биле транспортирани во Општата болница Кочани.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за несреќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
65-годишен маж е загинатиот во сообраќајката на патот Кочани – Виница
Фото: Unsplash













