Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) информира дека, заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток кои до овој момент беа пријавени и изразија подготвеност за евакуација.
„Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани. Со тоа државата покажа подготвеност навремено да реагира во кризни ситуации, да ја заштити безбедноста на македонските граѓани, но и да покаже солидарност кон граѓани од пријателските земји од регионот и пошироко.
Станува збор за организирани чартер летови, при што сите трошоци за нивната реализација се на товар на државата.
Со реализацијата на овие летови, вкупниот број евакуирани македонски државјани достигна 605,“ се вели во соопштението.
Од МНР информираат дека дежурниот СОС телефонски број, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму остануваат на располагање на македонските граѓани.
Фото: Unsplash













