Останува казната од 13 години затвор за Васил Јованов, пресече Врховен суд

Врховниот суд ја одби жалбата на адвокатот на Васил Јованов, кој ја прегази Фросина Кулакова на 29. јануари 2025 година на пешачки премин во Скопје, за вонредно преиспитување на одлуката за казната затвор од 13 години.

-Врховниот суд ја информира јавноста дека, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-22/26, по одржана седница на советот на 11. март, донесе пресуда со која се одбива како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од осудениот В.Ј. од С., преку неговиот бранител, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К-780/25 од 13.05.2025 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-696/25 од 27.10.2025 година, со која е огласен виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 в.в. член 297 став 1 од Кривичниот законик и осуден на казна затвор во траење од 13 –тринаесет години, информираат од Врховниот суд.

Првичната казна од 12 беше зголемена на 13 години затвор, а на Јованов му се суди за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 став2 в.в со член 297 став 1 од Кривилниот законик, за што е запретена затворска казна од 4 до 20 години затвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести