Откриено спомен обележје за Илчо Гоцевски, возачот кој превезуваше повредени во пожарот во Кочaни, а потоа почина во сон

Пред Итната медицинска помош на Општата болница во Кочани, денеска со звук од сирена на болничко возило, е откриено спомен обележје посветено на Илчо Гоцевски, 64. жртва на пожарот во „Пулс“, пренесе Радио Кочани.

Гоцевски, помеѓу 16. и 17. март со болничкото возила во единаесет наврати превезуваше повредени на клиники во Скопје. Почина во својот дом на 17. март во вечерните часови во сон, после бурната и исцрпувачка ноќ.

Бистата на Гоцевски е подигната на иницијатива на неговите колеги од Итната медицинска помош.

Спомен-обележјето е донација на вајарот Филип.

Фото: Радио Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести