Кај 12 пациенти била дадена терапија спротивно на индикациите и без никаква корист, рече вештакот Ристески на денешното рочиште за „Онкологија“

Кај 12 пациенти била дадена терапија спротивно на индикациите и без никаква корист, рече вештакот Милан Ристески на денешното рочиште за случајот „Онкологија“, пренесува државната агенција МИА.

Тој посочи на повеќе отстапувања во медицинската документација и изборот на терапии, а особено ги потенцираше случаите во кои пациенти со рак на бубрег не добиле „пембролизумаб“, иако според индикациите требало.

„Направени се триесет и три илјади преписи на скапа терапија. Проверувани се сите. Методолошки. Она што е најдено како чудно и неправилно овде е изложено,“ вели Ристески во изјава за МИА.

Во сведочењето за терапиите и протоколите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, рече дека забележал отстапувања, особено во делот на недоволно документирани податоци за состојбата на пациентите и објаснувања за изборот на терапија.

Одбраната имашла забелешки дека Ристески дава стручна оценка за одлуки донесени од лекари со значително подолго клиничко искуство од неговото, дека по помалку од една година од добивањето на лиценцата за вештак од областа на радиотерапијата и онкологијата, бил ангажиран како медицински експерт во овој предмет, иако не можело, оти бил и сведок.

Ристески негира дека ова е негов прв предмет по добивањето на лиценцата и истакнал дека досега немало никаква забелешка за неговата работа.

Судењето продолжува на 31. март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести