(Фото) Украдени подароците од роденденот на мајмунчето Мики во Зоолошката градина во Скопје

Во Зоолошката градина (ЗОО) во Скопје имало роденденска прослава во чест на гибончето Мики, но се случил настан кој е сведоштво за вистинска „дијагноза“ за општествената ментална состојба во земјава.

„Повеќе од пола поклони му ги украдоа гости (луѓе). На мајмунот. Толку имам да кажам,“ напиша Војо Иванов, вработен во Зоолошката, на социјалните мрежи.

Настанот, како што информираат од ЗОО Скопје, имал за цел преку едукација да се доближи до посетителите важноста за заштита на природните живеалишта на гибоните кои се загрозен вид.

„Од мало и повредено бебе, денес си вистински мал борец и радост за сите нас. Твојата приказна е доказ дека со грижа и љубов се спасуваат живот. Мики ти си нашиот мал херој,“ се вели во објавата на ЗОО Скопје.

Фото: Скопје ЗОО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести