Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, истакна дека видливи поскапувања има кај јајцата и кај маслото, и дека кај други производи тоа не е забележано.
Тој додаде дека трговците зголемувањето го оправдувале со растот на цените на светските берзи, но нагласи дека Владата прави сопствени анализи и пресметки.
„Ако видиме неетично однесување од снабдувачите и маркетите, како Влада ќе ги преземеме сите мерки. Државниот пазарен инспекторат е на терен“, изјави Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДДВ-то за горивата се намалува од 18 на 10%
Која храна ќе поскапи поради кризата на Блискиот Исток
Фото: Unsplash













