ДДВ-то за горивата се намалува од 18 на 10%, одлучи Владата на денешната вонредна седница.
Премиерот Христијан Мицкоски објасни дека со намалувањето на данокот, цената на бензините нема да се зголеми, а на дизелот ќе се зголеми до 3,5 денари.
„Доколку не се намалеше ДДВ-то, бензините оваа недела требаше да поскапат 6,5 денари колку што е според последните движења на италијанската берза.
Дизелот ќе поскапи за 3,5 денари, а 7 денари се субвенцинираат со намалувањето на ДДВ-то,“ рече Мицкоски.
Тој истакна дека околу 10% од потрошувачката на горивата ја прават странските државјани, и засега нема да има законски ограничувања за точење на гориво.
Државните резерви со нафта рече дека се стабилни, а исто така и состојбата со гас.
Во моментов, поголемите снабдувачи на гориво немаат проблеми со снабдувањето, иако ризици постојат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се одредува цената на бензините и дизелот
Владата може да интервенира по шокот со драстичнот раст на цените на бензините и дизелот
Фото: Унсплеш














