150 илјади литри гориво наточиле соседите: Во Македонија има “бензин-туризам“

Според податоци на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), во Македонија и по воениот конфликт на Блискиот Исток се точат меѓу најевтините горива во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој има поевтин бензин и дизел од Македонија во регионов

Поради тоа граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава да точат бензин и дизел, а трендот го потврди и премиерот Христијан Мицкоски, кој вчера соопшти дека околу 150 илјади литри гориво перидов наточиле соседите, што е зголемување за 9%.

Најчесто соседите точат горива во општините Дебар, Струга и Охрид на западната граница, во Битола и Гевгелија на јужната граница и во Куманово на северната граница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се одредува цената на бензините и дизелот

ДДВ-то за горивата се намалува од 18 на 10%

“Бензин-туризам“ во Македонија: Грци точат гориво во Битола

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести