“Бензин-туризам“ во Македонија: Грци точат гориво во Битола

По растот на цените на горивата поради кризата на Блискиот Исток, Македонија, која има едни од најевтините цени на бензин и дизел во регионов, дополнително станува атрактивна за соседните земји.

Локалната телевизија Тера пренесува дека се повеќе грчки граѓани доаѓаат во Битола да наточат гориво.

Моментално цената на бензините во Грција е 1,80 евра, а на дизелот, 1,79 евра за литар.

Освен што точат горива, пазарат и по битолските маркети и продавници, пренесува телевизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој има поевтин бензин и дизел од Македонија во регионов

Како се одредува цената на бензините и дизелот

Кои се главните играчи на пазарот со нафтени деривати во Македонија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести