Кумановец починал додека возел, по што со возилото излетал од патот

Кумановец на возраст од 64 години починал вчера додека возел, по што со возило „даеву тико“, излетал од патот.

Станува збор за М.Д., а несреќата како што информираа од полицијата се случила на локалниот пат помеѓу селата Клечовце и Шупљи Камен, на местото викано „Кантон“.

Во несреќата е повредена и неговата сопатничка Л.Д. (57), која на полицијата и изјавила дека на починатиот му се слошило и изгубил свест, пред да се случи несреќата. Таа била пренесена во Општа болница Куманово.

Телото на починатиот е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести