(Фото) Македонија ги покажа новите лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

Во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец денеска беа претставени новите лесни оклопни возила од типот „страјкер“.

Станува збор за 17 возила, набавени од САД, за модернизација на македонската Армија.

Набавката на вкупно 54 возила „страјкер“ е во вредност од 210 милиони долари, а истата беше одобрена од американскиот Стејт департмент во март 2021 година.

Нивната набавка е дел од долгорочниот план на Македонија за развој на одбранбените способности на државата во согласност со стандардите на НАТО.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе продолжи да вложува во одбраната за да се исполнат критериумите за модернизација до 2032 година.

Фото: Министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести