Грција спречила Меланија Трамп да употреби Македонија на Самит во Вашингтон на кој беше и сопругата на Мицкоски, објавија грчки медиуми

Грчки медиуми пренесуваат дека грчката Амбасада во Вашингтон, САД, спречила првата дама Меланија Трамп, која како што е познато е по потекло од Словенија, да го употреби поранешното уставно име на Македонија, на Самит, организиран од нејзе, а на кој присуствуваше и сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска.

Како што пренесе greekreporter.com дипломатската интервенција на грчката Амбасада спречила таа во говорот во кој ги поздравува учесниците да употреби Македонија, откако наводно амбасадорот Андонис Александридис имал увид во нејзиниот говор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не верувам дека грчки дипломат имал увид во говорот на Меланија Трамп, кажа Мицкоски

(Фото) Сопругата на Мицкоски на самит во организација на Меланија Трамп

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести