(Фото) Во автобус на „Дурмо Турс“ на Табановце откриени 580 куршуми

Мобилниот царински тим при Одделението за оперативни работи открило 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо Турс“ од Гостивар, која била спроведена на влез во државата на граничниот премин Табановце, информираа од Царинска управа.

„Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата. Досега против двајца осомничени кои беа лишени од слобода, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово, а истрагата е проширена и кон други лица.

Делото е откриено на 26. март кога мобилен царински тим поради сомневање го застанал автобусот на “Дурмо Турс“ кој сообраќал на релација Италија – Македонија на контрола.

Притоа мобилните царински инспектори увиделе оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата на автобусот, при што во внатрешниот дел од вентилацискиот простор помеѓу 50 пакувања кафе пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел се со 9 мм калибар,“ велат од таму.

Фото: Царинска управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести