По расправија го задушил со раце: Детали од МВР за убиството во Охрид

76-годишниот Климе Митрески од Охрид бил убиен на 25. март со задушување.

Со осомничениот за неговото убиство 53-годишниот Жарко Грозданоски од тетовското село Брвеница, во неговиот семеен дом во Охрид прво имале вербална расправија, а потоа осомничениот физички го нападнал и го задушил со раце, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Работи на КАРИЛ, му се заканувал на Заев: Познат идентитетот на осомничениот за убиството во Охрид

За осомничениот СВР Охрид поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

За осомничениот вчера беше распишана централна потерница по што беше уапсен во Брвеница.

Неофицијално осомничениот имал договор со убиениот да го чува во замена за наследство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Користољубие е мотивот за убиството во Охрид, истото е снимено со камерa: Детали од Обвинителството

53-годишен маж осомничен во убиство на маж во Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести