Жичницата на Водно од денеска ќе работи до 18 часот

Жичницата на Водно од денеска ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.

„Согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови,“ информираат од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје.

Фото: ЈСП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести