Утре ќе биде затворена улицата од Стара Рампа до семафорите кај Црвен Крст

Град Скопје информира дека поради извршување на градежни активности, односно поставување на завршен слој на коловозот во рамки на проектот булевар ,,Македонија“ – прва фаза, во недела, од раните утрински часови, ќе биде целосно затворен за сообраќај потегот од Стара Рампа во Кисела Вода до семафорите кај Црвениот Крст.

„Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за разбирање и трпение, како и за почитување на поставената сообраќајна сигнализација и користење на алтернативните сообраќајни правци, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во градот.

Со реализацијата на оваа фаза од проектот се очекува значително подобрување на проточноста на сообраќајот, намалување на метежот и овозможување побезбедно движење по нов, современ коловоз.

Со целосната реализација на сите предвидени фази, Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница, што претставува значаен чекор кон модернизација на сообраќајната инфраструктура во градот,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како ќе изгледа по првата фаза булеварот „Македонија“, со чија реконструкција ќе се стави во функција подземната сообраќајница кај „Лимак“

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести