Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка

На предлог на гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, Собранието денеска ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка.

Оваа функција тие ќе ја извршуваат во наредните седум години.

-Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се предлозите за нови вицегувернери на Народната банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести